Линкови за пристапност

Одлука на Врховниот суд на САД: секој има право на оружје


Во оваа значајна одлука, донесена со пет спрема четири гласови, високиот суд денес ја поништи 32-годишната забрана, со образложение дека таа го прекршува вториот амандман на американскиот Устав.

Судот исто така ја поништи одлуката на градот која бара легално поседуваното огнено оружје да биде опремено со направа за заклучување на чкрапалецот, тврдејќи дека тоа ги оневозможува граѓаните да го употребат оружјето за законска намена, во случај на самоодбрана.


Судот забележа дека долготрајните рестрикции во врска со оружјето остануваат – како забрана на осудени лица и ментално болни да поседуваат оружје и ограничување за носење на оружје во училишта и владини згради.

Вториот амандман вели дека заради „доброрегулираната паравојска, и неопходноста да се обезбеди слободната држава, правото на луѓето да држат и носат оружје не смее да биде попречувано". Судот пресуди дека тоа не го ограничува правото на поседување на оружје само на служба во паравојска.

Одлуката може да има големо влијание врз ограничувањата на поседување оружје во САД.

Градоначалникот на Вашингтон, Адриан Фенти, кажа дека се надевал судот да ја поддржи забраната, но додаде дека градот ќе ја почитува одлуката .

Претпоставениот републикански претседателски кандидат, Џон Мекејн, ја поздрави одлуката на судот, велејќи дека признавањето на правото на поседување оружје е фундаментално право кое, како што кажа, е „свето, исто како и правото на слободно изразување и собирање".

Претставници на градот Вашингтон тврдат дека забраната довела до намалување на насилниот криминал, додека противниците на забраната случајот го гледаат како прашање на граѓанското право на самоодбрана.


Судот не решавал по одредбата „право да се има и носи оружје" од уставот, од 1939.

XS
SM
MD
LG