Линкови за пристапност

Северна Кореа ќе ја поднесе долгоочекуваната декларација за своите нуклеарни активности


Официјални лица во Вашингтон велат дека ништо не земаат здраво за готово, имајќи ги предвид одлагањата што шестпартитните разговори за корејското разоружување ги уназади за неколку месеци.

Но тие велат дека сите индикации се дека Северна Кореја ќе ја поднесе декларацијата до кинеските спонзори на разговорите во четврток и дека САД се подготвени веднаш да започнат чекори на реципроцитет.

Северна Кореја се согласи на договорот финализиран минатата година да прекине со нуклеарната програма во замена за помош и дипломатски бенефиции од другите учесници во разговорите.


Северна Кореја го затвори и е во процес на разградување на реакторот во Јонгбјон што произведуваше плутониум за нуклеарното оружје тестирано во 2006.

Декларацијата, во која Пјонгјан треба да ги наведе сите нуклеарни објекти и активности, требаше да дојде на крајот на минатата година и да го отвори патот за следната фаза на договорот.


Во разговор со новинарите, заменик портпаролот на Стејт Департмент Том Кејси кажа дека администрацијата на Буш е подготвена, откако декларацијата ќе биде поднесена, да го исполни својот дел од договорот.

Тоа значи симнување на долгогодишните трговски санкции против Северна Кореја според Актот од 1917 – за забрана на трговија со непријателот. , и да го информира конгресот за намерата за симнување на таа земја од американската листа на државни спонзори на тероризам.

Портпаролот, осврнувајќи се на скептицизмот меѓу членовите на Конгресот во врска со договорот, нагласи дека Северна Кореја нема да ги добие сите бенефиции од договорот освен ако не го одржи ветувањето за комплетно збришување на нуклеарната програма.

-Искрено, нето ефектот од отстранувањето на Северна Кореја од листата на тероризам и укинување на актот за забрана на трговија со непријателот, е минимален. Значи, уште еднаш, постапуваме многу внимателно. Постапуваме на начин што сметаме дека е соодветен, што одговара на акција-за-акција и верба-за-верба од страна на Севернокорејците.

Северна Кореја се очекува да ја нагласи својата определба за шестпартитниот договор во петок со демолирање, со експлозив, на големиот разладен контејнер на реактотрот Јонгбјон.

Кејси вели дека директорот за корејски прашања на Стејт Департмент Сунг Ким ќе присуствува на настанот, што се очекува да биде пренесуван во живо, заедно со претставници на Кина, Русија, Јапонија и Јужна Кореја.

XS
SM
MD
LG