Американскиот амбасадор Амбасадорот Мекги, кој се појави во медиумите по избувнувањето на кризата во врска со изборниот процес во Зимбабве го поздрави соопштението од Советот за безбедност на ОН за кое вели дека со право ја обвинува владата на Мугабе за насилството спрема првиот човек на опозиционото Движење за демократски промени – Морган Ѕвангираи.
Но, тој
рече дека имајќи го предвид фактот дека Зимбабве е економски и политички
зависен од соседите, слично соопштение од јужната Африканска регионална група
САДК може да има поголем ефект врз владата во Хараре да го смени курсот:
-Лидерите на
јужноафриканската регионална групација
треба да истапат со јасно соопштение, какво што имавме од ОН, дека тоа е
нелегитимен режим кој спроведува нелегитимни избори. Ѕвангираи побара изборите
да бидат поништени и ние се согласивме дека веројатно тоа е најдобар курс.
Американскиот
пратеник рече дека и покрај повикот од генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за
одложување на изборите, владејачката партија ЗАНУ-ПФ останува како што рече во
„интензивна кампања" и веројатно има намера да ги принуди граѓаните да излезат
на гласање и покрај повлекувањето од Ѕвангараи.
-Тие велат дека сакаат одржување избори по секоја цена.
Сакаме да ја признаеме победата на Мугабе. Жално што опозицијата се повлече од
изборите, но имаме разбирање за потегот. Опозиционерите беа масакрирани. И за
жал, како што реков на почетокот, насилството не беше отфрлено.
Мекги рече дека холандскиот амбасадор во Хараре му рекол дека Ѕвангираи сега има пробежиште во амбасадата и оти од официјален претставник на владата му било дадено уверување дека нема да биде извршен упад во неа и оти опозициониерот нема да биде повреден.
Заменикот портпарол на Стејт департментот Том Кејси рече дека САД очекуваат резултат од претстојната средба на групацијата со официјални лица од африканската унија, и дека не се можни исти релации со владата во Хараре ако се одржи вториот круг на гласање:
-Ако се одржат изборите и Мугабе се прогласи за претседатател повторно, мислам дека ќе биде отфрлен од меѓународната заедница и тоа ќе има последици за Зимбабве, ако има влада која нема никаков кредибилитет.
Официјален
претставник од администрацијата на претседателот Буш зборуваше за можноста за
зајакнување на постоечките санкции кои веќе се во сила против Мугабе и неговите
блиски соработници.
Но, тие
велат дека не размислуваат за повлекување на американскиот амбасадор од Хараре,
затоа што сметаат дека е важна неговата улога во следењето на ситуацијата
на теренот.