Линкови за пристапност

Обама се откажува од државни пари во кампањата


Претпоставениот претседателски кандидат на Демократската партија, Барак Обама, реши да да не земе јавни финансии во неговата кампања за општи избори, потег што беше жестоко критикуван од неговиот републикански ривал.

Обама синоќа кажа дека нема да земе никакви јавни средства, но тој е слободен приватно да собира пари, колку може и колку сака, за општата изборна кампања.

Кандидатите кои ќе ги земат 84-те милиони долари јавни пари, колку што им следуваат, не може да примаат пари од други, приватни, донатори. Обама собра рекордна сума пари за време на сезоната на прелиминарни избори.


Кампањата на претпоставениот републикански претседателски кандидат, Џон Мекејн, остро го критикуваше потегот, велејќи дека тоа покажува оти Обама е само „уште еден типичен политичар кој ќе направи и каже се што му се чини погодно во моментот“. Кампањата го обвинува сенаторот од Илиноис дека го прекршил ветувањето за учество во јавниот систем на финансирање.

Во соопштение, Обама кажа дека откажувањето од јавните пари не било лесна одлука, но дека сегашниот систем на финансирање на претседателски избори е „скршен“, велејќи дека опонентите станале „мајстори во играта на тој скршен систем“.


Обама кажа дека кампањата на Мекејн и Националната републиканска комисија се поттикнати од придонеси од вашингтонските лобисти и политички акциони комитети на специјални интереси, кои немаат граница на сумата пари што може да ја покренат за реклами надвор од контролата на кампањите.

XS
SM
MD
LG