Надојдената река
однесе дваесетина брани по должина на течението, потопувајќи десетици населени места во Ајова и околните
држави Илиноис и Мисури. Поплавите уништија и илјадници хектари со земјоделски
култури, што се стравува дека ќе донесе
повисоки цени на житарките и друга храна.
Жителите се придружија на Националната
гарда во очајнички напор за полнење на песочни вреќи за
зајакнување на браните и насипите кои
сеуште стојат.
Во исто време расте загриженоста за
загадување и болести од
хемикалиите и отпадните води кои
се излеале во водата.