Линкови за пристапност

Буш бара дупчење за нафта во до сега забранети подрачја на САД


Во време кога Американците плаќаат високи цени за бензинот, претседателот Буш рече дека е време законодавците да ја укинат 27 годишната забрана за нафтено дупчење долж крајбежјето:

-Конгресот мора да се соочи со непријатната реалност. Доколку законодавците не се согласни да ги прифатат растечките цени на бензинот, нашата нација мора да произведе повеќе нафта. Мора да започнеме веднаш


Претседателот Буш рече дека денес во Америка од нафтеното дупчење може да се произведуваат 18 милијарди барели нафта, што е доволно да го задоволи актуелното домашно производство за околу 10 години.

Нафтеното дупчење долж крајбрежјето моментално е блокирано со легислативни и административни забрани. Буш сака од Конгресот да реагира најпрво за ставање крај на мораториумот. Потоа тој ќе ја укине забраната од извршната власт.

Нафтеното дупчење долж американското крајбрежје е една од четирити акции што претседателот сака законодавците да ги преземат со цел да го зголемат производството на енергија.

Зборувајќи со репортерите во Белата куќа, Буш повика на потрагата по нафта во заштитените прородни резервати на Аљаска, проширување на рафинериските капацитети, истражување на нафтениот композит, што е вид на камен кој се претвара во нафта кога е изложен на висока температура.

Високите цени на бензинот се голема тема на годинешните претседателски избори. Буш зборуваше еден ден откако најверојатниот претседателски претендент од Републиканците повика на укинување на забраната за нафтено дупчење долж крајбрежјето. Најверојатниот опонент од Демократите се противи на ваков чекор.

Претседателот Буш уште еднаш го исполитизира прашањето, истакнувајќи дека Американците плаќаат големи цени на бензиските пумпи поради опструкција на Демократите во Конгресот:

-Знам дека демократските лидери се противат на некои од политиките во минатото. Сега кога нивното противење доведе до рекорни цени на бензините, ги повикувам да ја преразгледаат нивната позиција. Ако конгресните лидери заминат на одмор по повод 4-ти јули без да преземат акција, тогаш треба да објаснат зошто цената од четири долари за галон не е доволен поттик за да реагираат

Во првичната реакција од лидерот на демократскиот каукус во Конгресот, Рам Емануел оцени дека нафтените компании веќе имаат изнајмено 68 милиони хектари федерално земјиште, кое се уште не е истражено:

-Не треба да го заплашуваме американскиот народ да прави нешто што нема потреба да прави, кога нафтената индустрија има закупено државно земјиште да обезбеди нафта за 14 години и да ни даде можност да се „отргнеме " од зависноста од бензин од надвор.

Емануел е еден од потписниците на легислативата која ги принудува нафтените компании да користат дупчење на земја која веќе е изнајмена од државата.

XS
SM
MD
LG