Линкови за пристапност

Рајс го посети Бејрут, даде поддршка на новиот либански претседател


Американската државна секретарка Кондолиза Рајс се сретна со новиот либански претседател Мишел Сулејман и даде поддршка за владата што допрва треба да биде формирана.

Рајс е првиот виш американски претставник кој се сретнал со либанскиот претседател откако беше постигнат договор за споделување на власта во либанската влада минатиот месец.

Рајс кажа дека САД планираат да ја поддржат новата влада, дури и доколку таа дава поголема моќ на милитантната група Хезболах која има поддршка од Иран.

Стејт департментот го смета Хезболах за терористичка организација. Но, Рајс рече дека САД го поддржуваат либанскиот договор бидејќи им служи на интересите на либанскиот народ, и, во крајна линија, на интересите на САД.

Либанскиот пресвртен договор, постигнат со помош на арапски посредници, страви крај на 18-месечната политичка криза во земјата.

XS
SM
MD
LG