Линкови за пристапност

Џорџ Буш на турнејата ја подвлекува американско-европската соработка


Буш денеска најпрвин во Ватикан се сретна со папата Бенедикт. Според официјални лица, двајцата разговарале за глобализацијата, Блискиот Исток, светската криза со храна, како и борбата против СИДА-та и сиромаштијата.

Буш потоа замина за Париз, каде во говор пред Организацијата за економска соработка и развој повика на нова ера во транс-атлантските односи. Тој ги повика европските лидери да ја поддржат „храбрата, млада“ демократија во Авганистан. Буш ја истакна важноста од американско-европска соработка во изнаоѓање на мир на Блискиот Блисток и во напорите за справување со иранската нуклеарна закана. Американскиот претседател ја истакна важноста и од справувањето со климатските промени, кризата со храна во светот и тероризмот.

Американскиот советник за национална безбедност Стивен Хедли изјави дека сегашните лидери во Италија, Британија, Германија и Франција ги имаат зајакнато транс-атлантските врски.

Претседателот имаше заедничка вечера со францускиот претседател Никола Саркози и неговата сопруга Карла Бруни во Елисејската палата пред формалните разговори помеѓу двајцата лидери закажани за сабота.

XS
SM
MD
LG