Линкови за пристапност

Средба Буш-Берлускони во Рим


Во рамки на европската турнеја, американскиот претседател Џорџ Буш во Рим се сретна со италијанскиот премиер Силвио Берлускони, со кого разговараше за Авганистан, Ирак и иранската нуклеарна програма.

Буш ја истакна и италијанската улога во кризни жаришта ширум светот како во Авганистан, Косово и Чад. Тој ја реафирмираше и американската решеност да се најде дипломатско решение за нуклеарниот спор со Иран, но повтори дека САД сметаат оти и натаму се отворени сите опции.

Берлускони, пак, ја подвлече подготвеноста на својата земја да се приклучи на групата преговорачи со Иран во која спаѓаат петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија.

XS
SM
MD
LG