Линкови за пристапност

Дипломатијата прв избор на Буш за Иран


Меркел смета дека дипломатскиот притисок дал резултати, но дека ќе бидат потребни нови санкции доколку Иран не прекине со нуклеарниот процес на збогатување на ураниум.

Буш и Меркел разговарале за редица прашања, како глобалната трговија и климатските промени. Буш во Германија повтори дека инвазијата врз Ирак под американско раководство во 2003-та била правилна одлука и дека не жали за тоа. САД не сакаат перманенетни бази во Ирак, рече американскиот претседател. Тој се заблагодари на Германија за учеството мировните напори на Блискиот Исток и за помошта за Авганистан и Ирак. Буш ќе ја продолжи еднонеделната турнеја со посети на Италија, Франција и Северна Ирска.

Во интервју за британскиот Тајмс, Буш изрази жалење што неговата реторика и тон пред ирачката инвазија направиле да наликува на „човек нетрпелив да појде во војна“. Буш вели дека го погодило како САД биле погрешно сфатени пред инвазијата, и жали за поделбите што ги предизвикала војната.

XS
SM
MD
LG