Линкови за пристапност

Милошоски и Јанкуловска за претстојното прегласување


Меѓународната заедница очекува в недела, на 15-ти јуни Македонија да спроведе беспрекорно гласање на оние избирачки места каде гласањето од 1-ви јуни беше поништено.

Тоа го побарале амбасадорите на ЕУ и на НАТО во Македонија на вчерашната средба со македонските министри за надворешни и за внатрешни работи

Антонио Милошоски и Гордана Јанкуловска. Гласањето мора да помине без дамка и на сите граѓани да им се овозможи да гласаат, побарале амбасадорите Миловановиќ, Фуере, Валеро, Ки, Бергант, Пападопуло и Михов.

Како што вели францискиот амбасадор Валеро, тоа било посебно побарано од власта и од политичките лидери:

- Тоа беше многу корисен состанок, бидејќи министрите за надворешни и за внатрешни работи ни објаснија како властите овде се мобилизираат за да обезбедат слободни, фер и демократски избори следната недела, што е наша заедничка желба. Мислам дека е позитивно тоа што има голем број на места каде ќе се прегласува, за да им се даде шанса на оние кои не можеле да гласаат на 1-ви јуни да можат да ја изразат својата желба. Мислам дека секој треба да си ја врши својата задача и одговорност. За политичките партии е важно да ја преземат одговорноста и да го осудат насилството и на гласачите да им кажат да гласаат. Никој не смее да се плаши од гласањето. Демократското гласање е нешто многу едноставно и нема простор за насилство, за заплашување и секој има право да си го изрази своето право. Во однос на гласањето, ние во недела очекуваме безбедна, сигурна демократса атмосфера.

Во МНР овој состанок го сметаат како продолжение на континуираните брифинзи што Министерството ги има со амбасадорите на ЕУ и НАТО за важни прашања за државата, на иницијатива на министерот Милошоски. Овојпат, тоа е прегласувањето на 15-ти јуни.

XS
SM
MD
LG