Линкови за пристапност

Нови притоврања за изборните инциденти


Нови шестмина приведени вчера наутро во селата Рашче и Букович под сомнение дека учествувале во изборните инцидети во неделата. Во нивните домови е пронајдено големо количество оружје. Со тоа, бројот на приведените за нередите на први јуни се искачи на над 40, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска:

- Од досега документираните случаи, пријавени над 40 осомничени, и против 38 сторители се поднесени кривични пријави за над 25 тешки кривични дела и седум лица добија прекршочни пријави. На поголем дел од нив истражните судии им одредија мерки притовр.

Со можноста да добие притвор се соочува и кандидатот за пратеник од ДУИ Вулнет Ахемти од Тетово, а кривично ќе одговара Бесим Дехари од Камењане, додека прекршочно екс-министерот за одбрана Талат Џафери. Министерката Јанкуловска негира дека се приведуваат само членови на ДУИ:

.

- Очекуваме политичките партии чии членови и симпатизери се инволвирани во настаните да се оградат од нивното однесување, да ги осудат инцидентите, што досега не се случи и да соработуваат со полицијата. Полицијата во неделата покажа дека максимално професионално може да ја врши својата работа. Сепак, потфрлија политичките лидери чии симпатизери и членови не ги почитуваа насоките дадени и од нивните политички раководсва и од меѓународната заедница.

Министерката Јанкуловска најавува дека полицијата ќе истражува дали политичките лидери и функционери ги поттикнувале активистите да предизвикуваат нереди и инциденти.

Тројца припадници на МВР, соопшти Јанкуловска, исто така била вмешани во инцидентите. Ќе одговарат кривично, а за нив се подготвени и откази.

МВР испитува и дали дел од партиските функционери и лидери ги поттикнале симпатизерите да прават нереди и немири.

XS
SM
MD
LG