Линкови за пристапност

ДИК: Прегласување во 25 места


ДИК денeска соопшти дека одлучила да го поништи гласањето во 25 избирачки места, а дополнително во рок од 48 часа ќе одговори на 58 приговори поднесени од страна на партиите.

ДИК на седницата го поништи гласањето во 11 избирачки места во изборната единица број два со вкупно запишани 10.584 избирачи.

Гласањето е поништено во осум избирачки места во изборната единица број шест со 7.867 избирачи, како и на шест избирачки места во изборната единица еден, за кои не е наведена прецизна бројка на запишаните избирачи.

Како што се наведува во соопштението на ДИК, за овие места дополнително ќе донесе решение дали да се повтори гласањето на 15-ти јуни.

До истекот на законски утврдениот рок - вчера во 19.00 часот - до ДИК беа доставени 58 приговори од политичките партии учесници на изборите.

Најмногу приговори - 28, пристигнале од ВМРО-ДПМНЕ, 15 доставила ДПА, 13 ДУИ, а еден приговор е од коалицијата „Сонце“ и еден од ТМРО.

Овие приговори се однесуваат на повеќе избирачки места, а рокот за нивно разгледување е 48 часа од моментот на доставувањето.

XS
SM
MD
LG