Линкови за пристапност

Притвор за предизвикувачите на изборните инциденти


Од 28-мината приведени поради инцидентите на неделните избори, деветмина завршија во притвор. Меѓу оние кои заработија 30 дена во истражниот затвор во Шуто Оризари е и Агим Красниќи, кој со неговата група беше фатен на планината Китка со автомобили полни со оружје, но и дрога.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, спречување на гласање, недозволено поседување на оружје и неовластено производство на дрога.

Красниќи одговарал на прашањата на судијата, но ги негирал делата за кои тој и групата се товарат.

Адвокатот Антонио Апостолски најавува жалба на мерката притвор:

- Дел од обвинетите се бранеа со молчење, дел дадоа изјава. Од страна на истражен судија одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена, по сите основи предвидени во Законот за кривична постапка. Постапката вчера беше завршена во предвидениот рок, од моја страна нема забелешки, мислам дека и моите странки немаат забелешки на постапувањето на полицијата, а за понатаму ќе видиме.

Полицијата ги идентификувала и лицата кои на неа пукаа во селото Арачиново, кога загина Насер Ајвази. Против еден од упасените е поднесена кривична пријава за обид за убиство, предизвикување општа опасност, спречување избори и гласање и за недозволено држење орујже. За инцидентите во Арачино се осомничени уште 7 лица по кои се распишани потерници. Кривични пријави ќе има и за две лца кои ја почнале оружената престрелка пред училиштето во општина Чаир.

ДУИ и ДПА вчера излегоа со меѓусебни обвинувања за инцидентите, но и со забелешки дека полицијата врши селективни апсења. Највуваат по повеќе од сто приговори.

- ДПА не сака да биде дел од ова лошо случување и лошо сценарио. Ние ќе продолжиме максимално да не ги попречуваме органите да си ја вршат својата работа, меѓутоа во ниту еден случај полицијата и обвинителството не треба да бидат селективни, вели Имер Селмани.

ДУИ тврди дека е уапсен еден нивен кандидат за пратеник и еден висок партиски функционер. Јавното обвинителство и полицијата ништо не преземаат против вистинските сторирели на инцидетите, вели портпаролката Ермира Мехмети:

- Предизвикувачите на инцидентите и оние кои полнеа кутии во неделата вршат психолошки притисок и упатуваат закани по животот на членовите на претседателите на избирачките комисии од гласачките места на кои имаше нерегуларности и ги присилуваат да ги потпишат записниците со фалсификуваните изборни резултати од неделата.

XS
SM
MD
LG