Линкови за пристапност

ДИК: „За подобра Македонија“64 мандати, „Сонце“- 28, ДУИ и ДПА по 13, ПДП и ПЕИ- по 1


Од обработени нешто повеќе од 99 проценти од податоците пристигнати до Државната изборна комисија, се зголемува разликата меѓу двата политички конкуренти во македонскиот политички блок, додека двете албански политички партии се приближуваат.

Најмногу гласови на предвремените парламентарни избори во Македонија што се одржаа во неделата освоила коалицијата „За подобра Македонија“ што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а во неа членуваат уште 17 помали партии - 481.644 гласови, што, според пресметките би можеле да и` донесат 64 пратенички места во новиот Парламент.

Коалицијата за Европа „Сонце“ што ја предвои СДСМ добила 233.146 гласови или околу 28 пратенички мандати.

ДУИ и ДПА според досега добиените гласови добиваат по 13 пратеници, а по едно пратеничко место добиваат ПДП и Партијата за европска иднина.

Портпаролот на ДИК Зоран Таневски изјави дека до 13 часот не бил пристигнат ниту еден приговор за процесот на гласањето. Сепак, Комисијата ќе го чека крајниот рок вечерва до 19 часот, за да соопшти каде ќе се прегласува.

Поради бројните инциденти и прекин во гласањето повеќе од три часа, сигурно ќе се прегласува во 20-тина гласачки места во изборните единици 1, 2 и 6.

Во првата или скопска изборна единица, ќе се прегласува во општина Сарај. Доколку пристигне приговор, ДИК ќе одлучува дали ќе се прегласува и на едно избричко место во општина Чаир. Во втората изборна единица ќе се прегласува на сите 8 избрирачки места во Арачиново, на 2 во Куманово и на 1 во Чучер Сандево. Во шестата изборна единица сигурно ќе се прегласува на 2 избирачки места во Желино, на 2 места во Гостивар, на 1 избирачко место во Брвеница и на 2 избирачки места во Дебар.

XS
SM
MD
LG