Линкови за пристапност

ДИК – првични неофицијални резултати од изборите


Државната изборна комисија ги објави првичните неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори.

Од преброените гласови од 98,49% од избирачките места, победник на изборите е коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 479.219 гласови или 48,33%. На второ место место е коалицијата Сонце предводена од СДСМ со 231.978 гласови, или во проценти 23,39. Третото место е за ДУИ со освоени 109.940 гласови или 11,09 %, а четвртото место е за ДПА со 101.123 гласови или 10,20%. Еден пратенички мадат ќе има ПЕИ, која освоила 14.489 гласа.

Според симулациите, резултатот на коалицијата За подобра Македонија и` обезбедува повеке од 60 пратенички места во новиот состав на Собранието.

XS
SM
MD
LG