Линкови за пристапност

Амбасадата на САД бара македонската влада да преземе мерки против „оние кои го одзедоа демократскиот имиџ на земјата“


Амбасадата на САД изрази длабока загриженост поради инцидетите за време на гласањето на вонредните парлементарни избори во Македонија. Инцидентите, според САД, ја дискредитираат Македонија и негативно влијаат на нејзините можности за интеграција во ЕУ и НАТО.


- Особено сме разочарани од високото ниво на насилство – што резултираше во еден загинат и неколкумина повредени – како и заплашување на гласачи, службени лица на избирачките места и акредитирани набљудувачи од страна на вооружени групи поврзани со поголемите етнички-албански партии, се вели во соопштението.

Подеднакво разочарувачки за Амбасадата на САД се и широко распространетите нерегуларности, вклучувајќи кражби и полнење на гласачки кутии и манипулација со гласачките списоци на избирачки места.

- Во некои случаи, набљудувачите забележаа како полицијата и други служби за спроведување на законот стојат додека нерегуларностите се случуваат или активно им помагаат на извршителите, се вели во соопштението.

Американската амбасада порача дека македонската влада треба да превземе итни мерки за да осигура дека избирачките места со нерегуларности, што се забележани од ОДИХР, МОСТ и набљудувачите од меѓународната заедница, се сведат на нула, и да одржи чисто, фер и мирно прегласување, особено во изборните единици 1 и 6.

- Оваа влада мора да ги отстрани сите службени лица од органите на редот чија лојалност е кон политичка партија, а не кон професионалната полициска работа, стои во реакцијата на Амбасадата.

САД, кои се главите подржувачи на интегрирањето на Македонија во НАТО, бараат македонската влада „енергично да ги истражи, гони и соодветно санкционира оние кои ги попречиле настаните, а кои и` го одзедоа демократскиот имиџ на оваа земја“, се вели во соопштението.

Амбасадата на САД во предизборниот период активно беше вклучена во обидите да се обезбедат услови за спроведување на фер и демократски изборен процес, достоен за земја-каднидат за членство во ЕУ и НАТО.

XS
SM
MD
LG