Линкови за пристапност

Поранешен портпарол го обвинува Буш за водење пропаганда


Често вработени во Белата Куќа пишуваат книги. Но ретко која предизвикува бура од контроверза и се доживува како нож в грб, како што Скот Меклалин генерираше со својата нова книга насловена – Што се случи: Внатре во Белата Куќа на Буш и вашингтонската култура на измама„.

Меклалин кој беше портпарол во Белата куќа во периодот 2003-2006-та, пишува дека претседателот Буш свесно водел политичка пропагандна кампања за ја оправда инвазијата врз Ирак, велејќи дека војната не била неопходна и дека била голема грешка.

Зборувајќи за програмата Денес на Ен-Би-Си телевизијата, Меклалин рече дека адмнистрацијата се заплеткала во кампања во Вашингтон чиј фокус бил формирање на јавно мислење, наместо да се ангажира во искрен дијалог со американскиоит народ:

-Се беше фокусирано на манипулација на објаснувањето во корист на една страна. Така Вашингтон стана тоа што е денес, и така се играше играта. Битката беше за моќ и влијание, наместо за двопартиско размислување и компромис. Се наоѓате во ситуација да се се обидувате да ја продадете војната за Ирак на американскиот народ.

Во неговата книга тој го опишува претседателот Буш како лидер кој носи одлуки спорен сопствениот инстикт, а не врз база на податоци и критичка анализа, и вели дека потпретседателот Дик Чејни имал моќ без преседан по домашни и во надворешни прашања.

Реакцијата од колегите на поранешниот портпарол во Белата куќа беше жестока. Во средата, актуелниот портпарол Дејна Перино го опиша Меклалин како незадоволен поранешен вработен во администрацијата.

Поранешниот советник на претседателот Буш, Ден Бартлет за Ен-Би-Си рече:

-Најпрво, сметам дека се што Скот вели во книгата не е точно. Мислам дека неговите обвинувања дека имало обиди да се засени вистината и оти била користена пропаганда за продавање на војната на американскиот народ се лажни. Јас не би учествувал во процес во кој се заведува американскиот народ. И мислам дека тоа повредува многу негови поранешни колеги.

Меклалин вели дека целта на неговата книга не е да урне репутацијата на другите кои работеле во Белата куќа, туку да се истакне потребата од промена на начинот на кој функционира официјален Вашингтон.

XS
SM
MD
LG