Линкови за пристапност

Американски сенатор го предупреди Пакистан да не преговара со милитанти


На синоќешната прес-конференција во главниот град на Пакистан, демократскиот сенатор Рас Фејнголд, член на Сенатската комисија за надворешни работи, повика на мировни разговори со водачите на племенските области во земјата, но рече дека САД се против спогодби со милитанти и терористи како Ал-Каида и Талебан.

Пакистански официјални лица нешто порано месецов постигнаа мировен договор со милитанти во Долината Сват во северозападниот дел на земјата. Новата коалицона влада исто така е вклучена во мировни разговори во Јужен Вазиристан со пакистанскиот командант на Талебан Бејтула Месуд. И покрај разговорите, Мејсуд најави дека неговите сили ќе продолжат да се борат против американските сили во Авганистан.


Пакистанските власти и ЦИА го обвинија Месуд дека е организатор на атентатот на поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто.

XS
SM
MD
LG