Линкови за пристапност

Скот Меклилан во книга тврди дека Буш ги завел САД за ирачката војна


Поранешниот портпарол на претседателот Џорџ Буш, Скот Меклилан, во својата нова книга вели дека претседателот водел „пропагандна“ кампања насочена кон „манипулација на изворите на јавното мислење“ со цел полесно да ја „продаде“ ирачката војна на американскиот народ.

Во објавените извадоци од мемоарите на 341 страница, што ќе се најдат во продавниците наредниот викенд, Меклилан, кој беше секретар за печат на Белата куќа од 2003-та во период од три години, пишува дека претседателот Буш не бил „отворен и искрен околу Ирак“

Во соопштение од Белата куќа, портпаролот Дејна Перино го опишува нејзиниот поранешен колега како „незадоволен“ и вели дека персоналот е „изненаден“ од неговите обвинувања. Перино не очекува претседателот Буш да коментира на книгата.

Меклилан исто така ја критикува администрацијата на Буш за реакцијата на ураганот Катрина во 2005-та, велејќи дека Белата куќа поголем дел од првата недела по катастрофата ја минала во „затворање на очите пред вистината“.

XS
SM
MD
LG