Линкови за пристапност

Продолжен куќниот притвор за нобеловката Аун Сан Су Чи


Белата Куќа денес ја повика Бурма да ги ослободи сите политички затвореници и да започне дијалог со Aун Сан Су Чи и нејзината политичка партија, Националната лига за демократија - како и со другите демократски и етнички малцински групи.


Американскиот Стејт Департмент продолжувањето на куќниот ритвор го нарече тажен доказ за политичката неслобода во Бурма, но вети дека развојот нема да влијае на помошта од САД за жртвите од циклонот во земјата.


Бурмиските воени лидери денес ја известиле Аун Сан Су Чи за нејзината нова казна при посета на домот на нобеловката. Има спротивставени извештаи за тоа дали казната е шест месеци или една година.

Притворот беше обновен само неколку часа пред да истече важењето на претходната наредба.


62-годишниот опозициски лидер мина 12 од последните 18 години во куќен притвор.



XS
SM
MD
LG