Линкови за пристапност

Aмериканците им оддаваат почит на  загинатите во  војните


Моторциклистите се воени ветерани, многу од кои се од времето на Виетнамската ера, придружени од семејствата и пријателите. Се собираат секоја година во главниот град за Денот на сеќавањето за да им оддадат почит на паднатите колеги и да го свртат вниманието кон оние кои сеуште се водат како исчезнати во акција.

Лидерите на настанот Тркалачка грмотевица годинава одбележувањето на празникот го започнаа во Белата Куќа, каде ги поздрави Претседателот Буш.

"Сторивте многу за државата. Трупите ве почитуваат. Ветераните ве поччитуваат. И вашиот претседател ве почитува" , рече претседателот.

Господинот Буш формално ќе се обрати за Меморијалниот ден во понеделник на Националните гробишта во Арлингрон, во близина на Вашингтон. Настани од помал размер се очекуваат од градови и гратчиња низ цела држава – за овој празник што за многумина значи и почеток на летната сезона во САД

XS
SM
MD
LG