Линкови за пристапност

Не запира растот на нафтените цени


Цените на нафтата на светско ниво синоќа достигнаа нов рекорд: 132 долари и седумдесет центи по барел. Во американскиот сенат, пак, пратениците ги распрашуваа извршните директори на нафтените компании за ситуацијата.

Најновиот раст на цените доаѓа по објавување на американски владин извештај дека минатата недела во земјата опаднале залихите на непреработена нафта.

На распит во Сенатот, претседавачот на Комисијата за правосудство Патрик Лејхи кажа дека само во првите три месеци од годината, американските нафтени компании оствариле 36 милијарди долари профит. Компаниите остваруваат прекумерни добивки врз грбот на семејствата кои вредно работат, рече Лејхи.

Директорите на нафтените компании, пак, кривицата ја фрлаат на се` поголемата глобална побарувачка и побараа да се укинат ограничувањата за тоа во кои делови на САД можат да вршат нафтени истражувања и експлоатација.

XS
SM
MD
LG