Линкови за пристапност

Сенаторот Кенеди дијагностициран со мозочен тумор


Кенеди беше подложен на тестови неделава во болницата во североисточната сојузна држава Масачусетс, преземени за да се најде причината за грчењето на телото што му се случило во саботата. Лекарите кажаа дека ќе решат за начинот на третман откако ќе извршат повеќе тестови.

Според нив, 76-годишниот демократ немал други компликации по епизодата од саботата и се наоѓа во добра состојба.

Кенеди служи во Сенатот повеќе од 45 години и е најмладиот брат на починатиот претседател Џон Ф. Кенеди, врз кого беше извршен атентат во 1963.

XS
SM
MD
LG