Линкови за пристапност

Демократски прелиминарни избори во Кентаки и Орегон


Демократскиот американски претседателски кандидат Барак Обама денес води кампања во Монтана, додека неговиот партиски ривал Хилари Клинтон има закажано настани во Кентаки.

Кампањата се случува во предвечерјето на прелиминарни избори во Кентаки и Орегон.

Клинтон води пред Обама во Кентаки според анкетите, и доби поддршка од четворица поранешни гувернери на државата.

Обама во неделата водеше кампања во Орегон, каде се очекува дека ќе победи. Според проценките околу 75 илјади луѓе се собрале во Портланд каде Обама ја критикуваше администрацијата на Буш за нивната економска и енергетска политика и заради војната во Ирак.

На републиканска страна претпоставениот добитник на номинацијата сенаторот Џон Мекејн денес треба да се обрати на Националната асоцијација на ресторани во Чикаго, Илиноис, а потоа има настани во јужната американска држава Џорџија.

XS
SM
MD
LG