Линкови за пристапност

Воената хунта во Бурма попушта пред меѓународниот притисок


Бурма се согласи да дозволи соседите од југоисточна Азија да ги надгледуваат напорите за испраќање на странски медицински екипи во областите тешко погодени од циклонот Наргис.

Договорот е голема работа за затворената држава, која даваше отпор на барањата за испраќање на помош од невремето на 3 мај. Претставници на меѓународната хуманитарна помош велат дека помошта што до сега пристигнала е многу мала во споредба со потребите за да се спречат глад и болести.

Одлуката е донесена денес во Сингапур за време на итниот состанок на Асоцијацијата на Југоисточни азиски нации. Министрите за надворешни работи кои присуствуваа на средбата исто така се согласија да воспостават механизам за координирање на странската помош за жртвите на циклонот.

Бурма вели дека бројот на жртви од Наргис е речиси 78 илјади, а близу 56 илјади луѓе се водат како исчезнати.

XS
SM
MD
LG