Линкови за пристапност

 
Саудиска Арабија тврди дека веќе го зголемила нафтеното производство за да одговори на побарувачкта

Саудиска Арабија тврди дека веќе го зголемила нафтеното производство за да одговори на побарувачкта


По средбата во Ријад меѓу американскиот претседател Џорџ Буш и саудискиот крал Абдула - Саудиска Арабија вели дека го зголемила нафтеното производство во мај, за да одговори на побарувачката.

Прегседателот Буш побарал Саудиска Арабија да го зголеми производството поради нараснатите цени во САД и ширум светот.

Американската влада тврди дека неадекватната понуда ги зголеми цените на рекордно ниво.

На Саудиска Арабија отпаѓа околу една петина од светските нафтени резерви и 14 проценти од американскиот нафтен увоз.

Цените на суровата нафта во петокот достигнаа рекордна цена од над 127 долари за барел.

XS
SM
MD
LG