Линкови за пристапност

Борба со времето во Кина во потрага по затрупаните од земјотрес


Во Кина спасувачките екипи водат битка со времето во потрагата по затрупани од силниот земјотрес во понеделникот.

Силен последователен потрес дополнително ја влоши ситуацијата.

Според државната новинска агенција Ксинхуа, петочниот потрес со јачина од 5,9 степени во општината Лижиан предизвикал лизгање на земјиштето, отсекол патишта и затрупал возила.

Тоа најверојатно натамошно ќе ги спречи спасувачките напори – шансите за пронаоѓање преживеани слабеат со одминување на времето. Властите во најтешко погодената покраина Сечуан велат дека загинале преку 22 илјади луѓе.

Спасувачки екипи од Јапонија, Русија, Северна Кореја и Сингапур пристигаат или се на пат за Кина за да помогнат на 130-те илјади кинески војници кои трагаат по затрупани во епицентралното подрачје.

XS
SM
MD
LG