Линкови за пристапност

Бурманските власти сега велат 78.000 мртви во циклонот Наргис


Бурманските државни медиуми соопштија дека бројот на жртви од циклонот Наргис достигнал речиси 78.000, а 56.000 се исчезнати. Претходниот официјален број на загинати изнесуваше 43.000.

Државната телевизија соопшти за зголемување на трагичниот биланс денеска, две недели по катастрофата. Дипломати и независни експерти претходно кажаа дека бројот би можел да нарасне. Хуманитарни претставници предупредија дека изгладнетоста и болестите би можеле дополнително да го зголемат бројот.

Бурманската воена влада ја одби понудата на поголемиот број хуманитарни работници од странство и бавно реагираше во одобрување на меѓународната помош да влезе во земјата.

Меѓународниот црвен крст соопшти дека 20 до 30 проценти од преживеаните примиле помош и предупреди дека недостатокот на чиста вода би можел да стане најголемиот убиец по ударот на циклонот. Наргис, според проценките, погоди 2,5 милиони луѓе, а УНИЦЕФ вели дека до 40 проценти се деца.

XS
SM
MD
LG