Линкови за пристапност

Мекејн предвидува победа во Ирак до 2013-та доколу стане претседател


Најверојатниот републикански кандидат за претседателските избори во ноември, сенаторот Џон Мекејн тврди дека доколку влезе во Белата куќа, САД ќе ја добијат војната во Ирак до крајот на првиот мандат, во 2013-та.

Во обраќањето во Колумбус, сојузната држава Охајо, Мекејн прогнозираше дека Ирак дотогаш ќе биде функционална демократија, иако сепак би имало помали изливи на насилство. Тој тврди и дека влијанието на Талебан во Авганистан би се намалило, а водачот на Ал-Каида Осама бин Ладен би бил или уапсен, или ликвидиран, како резултат на пакистанската соработка со САД во успешно адаптирање на контрабунтовничката тактика во беззаконските племенски области.

Мекејн истворемено ја отфрли теснопартиската политика за која вели дека го опседнала Вашингтон и кажа дека ќе покани демократи да бидат дел од неговата влада.

XS
SM
MD
LG