Линкови за пристапност

Земјотресот во Кина може да однел над 50 илјади животи


Армијата е во трка со времето за да спаси десетици илјади за кои се верува деја се под урнатините на земјотресот од понеделникот. Официјални лица во југозападната процинција Сичуан велат дека бројот на потврдени загинати пораснал на повеќе од 19.500.

Официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа вели дека трупи биле испратени да ги поправат оштетените делови на браната Зипингпу во Сичуан. Кинескиот министер за вода вели дека има многу безбедносни проблеми со браните, резервоарите и хидроцентралите во зоната на земјотресот.

Повеќе од три дена поминаа откако се случи земјотресот со јачина 7.9 степени и властите признаваат дека надежта почнува да се губи дека ќе има живи меѓу затрупаните.


XS
SM
MD
LG