Линкови за пристапност

Обраќање на Буш пред израелскиот  парламент


Американскиот претседател предупреди дека дозволувањето на Иран да дојде до нуклеарно оружје ќе биде, со негови зборови, непростливо предавство на идните генерации.

Тој кажа дека во името на мирот, светот не смее да му дозволи на Иран да има нуклеарно оружје. Иран го нарече водечки спонзор на тероризмот.

Претседателот Буш исто така кажа дека САД и Израел имаат „нераскинлива врска“.

За исламските екстремистички групи ал-Каида, Хезболах и Хамас, тој кажа дека ќе бидат поразени, со согледувањето на неправдата од страна на Муслиманите низ целиот Блиски Исток.


За време на петдневниот престој во регионот претседателот Буш нема да има тристрани разговори со претставници на Израел и Палестинците. Со палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе се сретне во Египет.

XS
SM
MD
LG