Линкови за пристапност

Клинтон најавува изборна борба до крај


Демократската претседателска претендентка, сенаторката Хилари Клинтон најави дека ќе продолжи со камапањата по победата со голема разлика на вторничките прелиминарни избори во американската сојузна држава Западна Вирџинија.

Победата сепак не придонесе многу таа да фати чекор со ривалот, сенаторот Барак Обама во бројот на освоени делегати потребни за обезбедубање на демократската номинација за директните претседателски избори во ноември. Па сепак, Клинтон се надева дека ќе ги убеди се` уште неопределените, таканаречени суперделегати, кои исто така решаваат за номинацијата, дека таа е подобар кандидат за претседател.

Обама и натаму го шири водството во суперделегати во однос на Клинтон, освојувајќи уште тројца нови.


Суперделегатите се партиски лица и лица избрани на јавни функции кои на своја рака решаваат за кого ќе гласаат на завршната партиска изборна конвенција во август.


Според најнова анкета на Универзитетот Квинипак, гласачите претпочитаат кој и да е` од двајцата демократски кандидати на директните избори пред најверојатниот републикански кандидат, сенаторот Џон Мекејн.

XS
SM
MD
LG