Линкови за пристапност

Бурма:  каде оди помошта? 


САД испратија речиси 90 метрички тони хуманитарна помош со вкупно осум лета во последните денови. Но, официјални лица велат дека дозволата за летови се дава на дневна база, како и дека бурманските лидери одбиваат достава на поголема помош преку воздух и море.

Портпаролот на Пентагон Брајан Вајтман вели не видел индикации дека бурманската воена власт ја задржува и натрупува досега дадената помош, како што тоа го сугерираа некои медиусмки извештаи. Па сепак, додава дека е „доста тешко“ да се утврди каде точно оди помошта откако ќе биде преземена од авионите што слетуваат на аеродромот во Рангун.

Тајландскиот премиер Самак Сандаравеј, пак, кој вчера се врати од посета на Бурма, вели дека тамошната власт е уверена дека може самата да го реши проблемот. Сандаравеј кажа и дека бурманската влада можеби ќе прифати нова помош, но дека не сака странски хуманитарни експерти во земјата.


Портпаролот на Агенцијата на ОН за хуманитарна помош Аманда Пит изјави дека малата количина на помош што допрела до погодените од циклонот Наргис и натаму е недаекватна. Таа вели дека преживеаните се во опасност од избивање на заразни болести што би можело да го зголеми бројот на жртви. Според проценките, досега загинале приближно 38 илјади лица.

На земјата каде околу два милиони се борат да преживеат откако останаа без покрив над главата по циклонот Наргис и` се заканува уште едно големо невреме. Здружениот центар за тревожење од циклони на американскиот Оддел за одбрана соопшти дека се формира ново невреме што би можело да мине низ земјоделскиот регион околу устието на реката Иравади каде се одгледува ориз. Експерти предвидуваат дека Бурма би можела да претрпи недостаток на храна на подолг период доколку земјоделците не се вратат на полињата и не засадат ориз во наредните три месеци, пред почетокот на монсунската сезона.

XS
SM
MD
LG