Линкови за пристапност

ОН загрижени за состојбата во Бурма


Официјални лица на ОН изразуваат длабока фрустрираност од неможноста да ја дадат неопходната помош на преживеаните од циклонот Наргис. Тие велат дека имаат на располагање резерви од хуманитарни материјали и подготвени стручњаци кои се обучени за брзо дистрибуирање во вонредни ситуации како оваа.

Она што немаат, велат тие, е дозвола од бурмиските власти да влезат во акција.

Портпаролот на Организацијата за координација на хуманитарната помош на ОН, Елизабет Бирс, вели дека барем 1,5 луѓе се загрозени од несреќата. Но повеќе од една третина од нив не добиваат никаква помош:

-Размерот на несреќата е огромен. Затоа треба брзо да реагираме за да се спречи втора несреќа или можеби трета несреќа. Единствениот проблем е бавната реакција од властите во однос на помошта што пристигнува во земјата. Колку се тие побавни, толку повеќе помош ќе е потребна.

ОН јавуваат дека околу 30 авионски товари на помош или заминале или се подготвени да заминат за Рангун, но на аеродромот е хаос и помошта не е распоредувана доволно брзо.


Друг проблем е непостоењето волја кај бурмиските власти да прифатат странски хуманитарни работници. Бирс вели дека се очекува да бидат дадени 34 визи, но не е јасно кога тоа ќе се случи.

ОН проценуваат дека жртвите на циклонот примиле само 10 проценти од потребната помош во вода и храна. Светската здравствена организација предупредува дека епидемии може да избијат секој момент.


XS
SM
MD
LG