Линкови за пристапност

Буш заминува за Блискиот Исток


Во Израел претседателот Буш пристигнува утре. Ова ќе биде негова втора посета на Блискиот Исток од јануари наваму. Тој се надева дека ќе надогради на последната рунда на израелско-палестински мировни напори кои започнаа со блискоисточната конференција минатата година во Анаполис, Мериленд.

Веднаш по пристигнувањето во Израел, американскиот претседател ќе се сретне со премиерот Ехуд Олмерт. Неговата петдневна турнеја исто така ќе го однесе во Египет и во Саудиска Арабија. Додека е во Египет, ќе има разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Господинот Буш сака границите на палестинската држава да бидат дефинирани пред да ја напушти функцијата во јануари. Сепак, до сега, израелско-палестинските разговори покажаа мал напредок.

XS
SM
MD
LG