Линкови за пристапност

Речиси 8.700 жртви на силен земјотрес во Кина


Во силен земјотрес во западниот дел на Кина загинаа речиси 8.700 лица, соопштија властите на оваа земја.

Според официјалната новинска агенција Ксинхуа, околу 8.500 загинале во покраината Сечуан, а над 200 во три други покраини и градот Чонгкинг.

Засега има малку информации од епицентарот – општината Венчуан, која е дом на преку 100 илјади лица. Ксинхуа вели дека патиштата до општината се уништени, како и дека невреме ги спречило армиските хеликоптери за спасување да допрат до местото. Според агенцијата, таму има најмалку 30 загинати, но засега нема дополнителни информации.

САД и ОН изразија сочувство за жртвите на трагeдијата и велат дека се подготвени да помогнат на секој можен начин.

Земјотресот со јачина од 7.8 степени се случи понеделникот попладне по локално време и бил почувствуван дури до Такјван и Банкок. Кинескиот премиер Вен Џибао пристигна во Сечуан со цел лично да ги надгледува спасувачките акции.

XS
SM
MD
LG