Двете држави се во два различни региони на земјата, со различна гласачка популација. Обама победи на југот, во Северна Каролина со поддршка од африканско-американското население. Тој зборуваше во главниот град, Рали. Им се заблагодари за победата и кажа дека му требаат само уште 200 делегати за да ја добие партиската номинација во август.
Индијана, од друга страна е дом на значајна група на бели гласачи од работничката класа. Клинтон ги доби гласовите на мнозинството од нив и зборуваше во Индијанополис: Клинтон вети дека ќе продолжи со борбата. Веднаш по гласањето, Обама го сврте вниманието на републиканскиот кандидат. Рече дека Џон Мекејн е премногу близок со ставовите до претседателот Буш, како во однос на Ирак, така и по економските прашања.
Клинтон зборуваше за единство на партијата. Што и да се случи, рече таа, ние, Демократите, мора да победиме во ноември.
Останаа уште пет држави да се изјаснат до јуни, но малку е веројатно дека некој од нив ќе добие доволно делегати да ја добие номинацијата. Неопределените супер делегати по се изгледа ќе ја решат трката.