Линкови за пристапност

Битни прелиминарни избори за демократските кандидати Обама и за Клинтон


Демократските претседателски кандидати Барак Обама и Хилари Клинтон полагаат големи надежи во денешните прелиминарни избори во американските сојузни држави Северна Каролина и Индијана

Има информации за рекорден одзив на гласачите по отварањето на гласачките места.

Анкетите покажуваат дека Клинтон има мала предност во Индијана, а Обама солидно водство во Северна Каролина.

Обама би можел да зададе финален удар со победи во обете држави, додека поранешната прва дама се надева дека ќе продолжи по нагорна линија по победите во Пенсилванија и во Охајо.


На овие прелиминарни избори во залог се 187 делегати.

Обама во завршните митинзи од кампањата во Северна Каролина и Индијана стави акцент на тешките времиња за средната класа, додека Клинтон говореше за укинување на федералните даноци за бензин што би им овозможило на потрошувачите да здивнат од високите цени на горивото ширум САД.

Во досегашната трка, Обама има мала, но тешка да се надмине предност по бројот на делегати потребни за обезбедување на номинацијата на Демократската партија за директните претседателски избори во ноември.

XS
SM
MD
LG