Линкови за пристапност

САД ја зголемија помошта за погодените од циклонот во Бурма за 3 милиони долари


Претседателот Буш рече:

- Подготвени сме да ги искористиме капацитетите на американската морнарица за да помогнеме да се најдат настраданите, исчезнатите, за да помогнеме да се стабилизира ситуацијата. Но, за таа цел, воената хунта мора да дозволи на нашите екипи за проценка на катастрофата да влезат во земјата. Им порачуваме на воените владетели: дозволете САД да дојдат и да ви помогнат да му помогнете на народот, рече Буш.

Портпаролот на Пентагон Џеф Морел информираше дека американскиот владин оддел за одбрана соработува со Стејт департментот и Американската пацифичка команда, планирајќи евентуална мисија за хуманитарна помош.

Вчера Буш потпиша легислатива што одобрува доделување на конгресен златен медал на бурманската водачка на опозицијата Ан Сан Су Чи.

Тој ја окарактеризира оваа добитничка на Нобеловата награда за мир како човек кој говори за слободата и како моќен глас наспроти воената власт во Бурма.

Конгресниот златен медал е највисокото цивилно одликување што го доделува американскиот Конгрес.

Ан Сан Си Чу, која во моментов е во домашен притвор во Рангун, има минато 12 од последните 18 години во притвор. Нејзината партија - Национална лига за демократија победи на изборите во 1990-та, но армијата не ги призна изборните резултати.

XS
SM
MD
LG