Линкови за пристапност

Светот пружа рака на Бурма


Според претставникот на ОН Рашид Каликов, припадници на светската организација кои веќе се во Бурма ја распоредуваат помошта што била складирана во земјата.

Нова помош се префрла во Бурма од складиштата во регионот, но бурманските власти не дале визи на работници на ОН да влезат во земјата и да помогнат, вели Каликов. Тие и припадници на други хуманитарни организации чекаат во Банкок, Тајланд на дозвола за влез.

Бурмански претставници предвидуваат дека бројот на мртви би може да продолжи да расте со новите информации што доаѓаат од зафрлените области. Околу 41 илјада лица се исчезнати. Циклонот Наргис остави стотици илјади луѓе без кров над главата и создаде недостиг на храна и вода за пиење.

XS
SM
MD
LG