Линкови за пристапност

Рајс: Можно е постигнување блискоисточен мировен договор до крајот на годината


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс и палестинскиот претседател Махмуд Абас на средбата во Рамалах, соопштија дека се уште е можно да се постигне израелско-палестински мировен договор. Но, Рајс слушна горчливи палестински поплаки за израелските безбедносни пунктови и за населбите на еврејските доселеници на Западниот брег.

Рајс и Абас соопштија се уште е можно да се постигне мировен договор до крајот на годината.

Но, на прес-конференција по средбата со секретарот Рајс, палестинскиот шеф на државата звучеше помалку оптимистички и се пожали дека Израел не ги почитува меѓународните забелешки за отстранување на доселеничките населби и олеснување на движењето на Западниот брег.

Преку изјава, пренесена преку преведувач, Абас истакна дека Палестинците, по години на разочарувања, веруваат дека мировниот договор е можен:

„Намерата е да постигнеме договор за сите горливи прашања. Ние тоа го сакаме. Ако не можеме да го постигнеме тоа, треба да размислуваме за чекори кои треба да ги преземеме. Засега не сакаме да размислуваме за неуспех. Сакаме да се фокусираме на успех, а ако не успееме, заедно со нашиот народ ќе разгледаме кои се нашите следни чекори.“

Рајс еврејсските доселенички населби на Западнот брег ги опиша како особено проблематични за напорите за создавање палестинска држава. Таа рече дека САД се противат на било која потег од било која страна кој негативно ќе се одрази на исходот од преговорите:

„За населбите на доселениците, САД и натаму го застапуваат ставот дека тоа се активности кои се спротивни на обврските преземени со таканаречена Мапа кон мирот и продолжуваме на Израелците да им укажуваме дека е потребно создавање атмосфера која е во духот на преговорите за конечниот статус, а тоа значи да не се оди кон различно гледање на предуслови во преговорите.“

Рајс исто така истакна дека таа врши протисок врз Израел, кој како знак на добра волја да отстрани 50 безбедносни контролни пункта на Западниот брег со цел да се подобри палестинската економија. Палестинците негодуваат дека иако Израел се држи до ветувањата, на теренот се уште остануваат бариери кои влијаат врз секојдневниот живот на обичните луѓе.

Рајс која се сретна со израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак, рече дека имале детална дискусија за остранување на безбедносните пунктови и оти во иднина очекува не само квантитативни, туку и суштински чекори во правец на подобрување на животот на Палестинците.

Државниот секретар Кондолиза Рајс за помалку од две недели со претседателот Буш ќе се врати во регионот да го поттикне мировниот процес со средби со официјални лица во Израел, Египет и Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG