Линкови за пристапност

Њујорк губи обучена странска работна рака


Бизнис-заедницата од Њујорк смета дека американскиот визен режим, поради стравот за безбедноста и политичката дебата за имиграцијата, станал толку рестриктивен што градот почнал да заостанува зад другите метрополи во привлекувањето на обучени лица од странство.

Њујоркчани сакаат за својот град да кажат дека во него се прелеваат разновидни култури. Но, кога станува збор за привлекување на обучени кадри од странство, бизнисмените тврдат дека Големото јаболко го губи глобалниот рејтинг. Вината ја префрлаат на американската имиграциона политика, конкретно на ограничениот број на визи од типот Х-1-Б со кои компаниите носат обучени странци да работат во САД. Годинава, американската влада ќе додели 85.000 вакви, а само лани имаше 150.000 пријави за нив.

- Со бориме против митот дека имаме домашна работна сила која може да ги пополни работните места на кои досега работеа лица со Х-1-Б визи или друг вид на работни дозволи. Тоа не е точно, вели Кетлин Вајлд, која е на чело на организацијата Партнерство за Њујорк:

Во САД има голем отпор за зголемување на имиграцијата. Земјата е на работ на рецесија. Небработеноста расте, а ова е и година на претседателските избори.

Марк Керкориан раководи со непрофитната организација Центар за имиграциони студии. Вели дека визите Х-1-Б се начин да се донесе евтина работна сила во САД:

- Овие лица заработуваат помалку и имаат помали вештини од американските работници во истите региони во земјата, со што, без сомневање, се работи за виза за евтина работна сила!

Лидерите од бизнис-заедницата во Њујорк негираат и наведуваат дека со секој обучен странец кој работи во САД со виза од типот Х-1-Б, се создаваат пет нови работни места за Американци. Тие додаваат дека метрополите во Европа и Азија го зголемуваат бројот на визи за обучени странски кадри, како и дека Њујорк не треба да заостанува во тој поглед.

XS
SM
MD
LG