Линкови за пристапност

Блискоисточниот квартет бара Израел и Палестинците да ги исполнат ветувањата


Групата составена од САД, ЕУ, Русија и ОН го повика Израел да прекине со сите активности на населување на Западниот Брег, а палестинската самоуправа да ја исполни заложбата за борба против тероризмот.

Квартетот изрази и длабока загриженост за хуманитарната ситуација во Појасот Газа. Газа е под израелска блокада откако милитантите на Хамас презедоа контрола минатиот јуни.

Рајс и регионалниот пратеник на Квартетот, поранешниот британски премиер Тони Блер, велат дека има напредок зад сцената во израелско-палестинските мировни разговори како и дека се` уште е можно да се постигне мировен договор кон крајот на оваа година.
XS
SM
MD
LG