Линкови за пристапност

Македонската заедница во Охајо за претседателските избори во САД


Македонската заедница во Колумбус, сојузната држава Охајо на претстојните претседателски избори во САД во поголем дел е наклонета кон сенаторот Џон Меккејн, надевајќи се дека и во иднина ќе продолжи позитивниот курс на републиканците кон Македонија. Репортажа од Колумбус на Гласот на Америка:

Алексо Муртаноски од битолско село Ношпал 30 години живее во Колумбус. Секретар на црковната заедница во Колумбус.

Најдобра варијанта за Македонија е да победи сенаторот Мекејн, затоа што ќе ја продолжи политиката на претседателот Џорџ Буш.

Дени Балалоски е јавен обвинител во Колумбус, чии родители се од Цапарско кај Ресен.

Меккејн, Клинтон или Обама? Кој е најдобра опција за Македонија:

- Мислам дека најдобра варијанта за Македонија е сенаторот Џон Мекејн, но на второ место е Хилари Клинтон. Строуб Талбот од Стејт департоментот во времето на Бил Клинтон беше дел од неговата адмнистрација, а сега е во тимот на Хилари. Тој еднаш се изјасни колку е смешна позицијата на Грција во однос на таканареченото прашање за името. Обама засега, барем јавно, зазема про-грчка страна, па не е добро решение за Македонија.

Не живееме во Македонија и не е во ред да се изјасниме дали би прифатиле промена на името со цел земјата да стане членка на НАТО, сметаат овдешните Македонци. Ако така одлучат граѓаните на Македонија за побрз економски и социјален напредок, тогаш од нас ќе ја имаат поддршката, смета Балалоски.

Пол Наумов e даночен адвокат од Колумбус, Охајо. Дедо му дошол во САД во 1909-та од Мекрохори, Грција.

- Имајќи ги предвид конзервативните кандидати, мислам дека сенаторот Мекејн ќе ја продолжи политиката на претседателот Буш.

XS
SM
MD
LG