Линкови за пристапност

Фридом Хаус: Година на глобално уназадување


Извештајот е насловен „Година на глобално уназадување“. Извршниот директор на Фридом Хаус Џенифер Виндсор вели дека уназадувањето е дел од шестгодишниот тренд, како и дека намалувањето на слободата на медиумите спрема проширувањето на слободата е два спрема еден.

"Ако слободата на печатот се зголемува, гледаме дека се зголемуваат и можностите за слобода во други области. И обратно, ако слободата на печатот се намалува, тоа се заканува на други слободи во земјата. "

Фридом Хаус ја истражувал состојбата на ова поле во 195 држави и територии, ставајќи ги во категории слободни, делумно слободни и неслободни. Ова рангирање е засновано на законските, политички и економски услови за новинарите во државата. Студијата посочува на Северна Кореја како најрепресивна средина во светот за новинарите. Втора од дното на листата е Бурма, чија воена влада е обвинувана за рутинско заканување и затворање на новинари и нивни извори.

Македонија е стота од 195те држави во извештајот, а регионално гледано, меѓу земјите од Централна и источна Европа/Поранешен Советски сојуз – Македонија е 15та, како делумно слободна, зад Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Романија и Босна. Од соседите само Албанија е зад Македонија по слободата на медиумите според извештајот на Фридом Хаус.

Се на се, 72 држави се рангирани како слободни, што чини 18 проценти на светската популација. Делумно слободни држави се дом на 40 проценти од населението и 42 проценти живеат во 64 држави ставени во категоријата неслободни. Во исто време, извештајот на Фридом Хаус покажува мало подобрување на Блискиот исток и во Северна Африка, регион за кој вели дека е најмалку слободен за работа на новинарите. Студијата вели дека се поголем број новинари во тие области имаат волја да ги предизвикуваат ограничувањата на владата. Џенифер Винсор од Фридом Хаус исто така вели дека обичните граѓани се повеќе се вртат кон новите медиуми, како што е интернетот, за вести и информации. Земјите со најголема медиумска слобода во 2007, според истражувањето, се Финска и Исланд со Данска и Норвешка веднаш зад нив. САД се 21ви.

XS
SM
MD
LG