Линкови за пристапност

Итен состанок на ОН за кризата во храна


На итниот состанок на главните претставници на ОН, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и други во швајцарскиот главен град Берн, ОН изнесоа проценка дека околу 100 милиони најсиромашни луѓе во светот не се во состојба да купат храна. Светската програма за храна на ОН го повтори повикот за донации во вкупен износ од 750 милиони долари за олеснување на ситуацијата. Проблемите со храна предизвикаа немири во Буркина Фасо, Камерун, Хаити, Брегот на Слоновата Коска, Египет и Сенегал. Според ОН, кризата веќе опфатила 37 земји.
XS
SM
MD
LG