Линкови за пристапност

САД се разочарани што Македонија не доби покана за НАТО


Заменик-државниот секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот Даниел Фрид потсети дека македонските војници се рамо до рамо со американските во Ирак и во Авганистан. Тој рече дека Македонија ги исполнила сите критериуми за членство и дека нејзината иднина во НАТО не е неизвесна. НАТО вети дека Македонија ќе добие покана веднаш откако ќе биде решен спорот со Грција во врска со името, кажа американскиот дипломат. „САД се разочарани што Македонија не беше поканета да се приклучи на НАТО. Ќе продолжиме да ги поддржуваме напорите на посредникот Метју Нимиц да пронајде заедничко прифатливо решение“, истакна Фрид на распитот во Поткомитетот на Претставничкиот дом за Европа .

Една недела пред Самитот, Нимиц излезе со предлог. Македонската влада го прифати, грчката не. Обете страни сега ни велат дека се свесни дека треба да се продолжи понатаму, да се најде решение, отколку да се седи настрана и да се биде гневен. Фрид го цитираше претседателот Буш по средбата со македонските лидери во Загреб, дека позицијата на САД е јасна – Македонија треба да биде дел од НАТО што е можно поскоро. Проширувањето на Алијансата Фрид го поткрепи и со фактот дека НАТО во 21-от век се соочува со безбедносни предизвици што не познаваат географски граници како и потребата да се работи со партнери волни да одговорат на безбедносните предизвици на денешницата

XS
SM
MD
LG