Линкови за пристапност

ЦИА тврди дека има докази за соработка меѓу Сирија и Северна Кореја


Директорот на Централната разузнавачка агенција ЦИА Мајкл Хајден е меѓу оние кои брифираа членови на Сенатот и на Претставничкиот дом.

Американски владини лица велат дека на пратениците им била покажана видео-снимка на која Севернокорејци работат во постројка за која постои сомневање дека е нуклеарен реактор во Сирија. Снимката наводно покажува и дека дизајнот на - како што се претпоставува – реакторот - е идентичен на реакторот во постројката Јонгбјон во Северна Кореја. Сириската постројка беше уништена во напад на израелски воени авиони минатиот септември. Официјален Дамаск протестираше поради нападот, обвинувајќи го Израел за агресија.

Сирискиот амбасадор во ОН Башар Џафари ги отфрли наводите за сириско-севернокорејска соработка на сириска територија.

Денешниот брифинг во Конгресот се случи во време кога американската влада се обидува да постигне договор со официјален Пјонгјанг за ставање крај на севернокорејската програма за нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG