Линкови за пристапност

Кампања за македонската кирилица


Со промоцијата во Скопје - започна кампањата за зачувување, користење и модернизација на македонската кирилица. Кампањата ја иницираа Македонската информативна агенција, маркетинг агенцијата „Идеја плус комуникации“ и Агенцијата за односи со јавноста „Имиџ ПР“. Таа ќе опфати редица активности за подигнување на свеста за правилна употреба на кирилицата.

На денешната промоција во Младинскиот културен центар ќе бидат претставени промотивните материјали: како специјалната песна од популарниот Влатко Стефановски и едукативни и забавни содржини преку кои ќе се популаризира кирилицата. Покрај промотивниот материјал, ќе се организираат и експертски трибини и конкурс за изработка на правилни македонски кирилични компјутерски фонтови, а изработена е и посебна Интернет-страница.

Иницијативата за овој непрофитен проект насловен „Го чувам своето - Додека пишувам крилица - постојам!“, е поддржана од научната и уметничката јавност, од институции, бизнис-заедницата и од медиумите.

Според организаторите „секој пријател на македонската кирилица има обврска во сввојот домен на живеење и работење да ја негува и промовира нејзината уникатност и неспорна вредност“. Иницијаторите сметаат дека кампањата ќе го унапреди одност кон кирилицата и ќе се создадат голем број на нејзини пријатели и поддржувачи. Во поканата за промоцијата на кампањата, нејзините иницијатори порачуваат дека „новото време носи многу впечатливи промени“.

- Во таа дневна динамика, без да сакаме, недоволно ги негуваме нашите трајни вредности, вредностите на нашето постоење и потврдување. Вредности што не прават да бидеме тоа што сме, се вели во поканата за промоцијата на кампањата за зачувување, користење и модерницавија на макеоднската кирилица

XS
SM
MD
LG